Недела на солидарност
Под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“ Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Прилеп и оваа година ја одбележа „Неделата на солидарност“. Со цел да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Прилеп организираше штанд во центарот на градот на кој волонтери од Клубот на млади ги запознаваа минувачите со активностите по повод „Неделата на солидарност“ и како истите можат да помогнат на семејства со одреден социјален ризик, како и тимови од младинци со касички во кои случајните минувачи имаа можност да донираат одредени парични средства. Од собраните парични средства и од сопствени средства Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Прилеп обезбеди пакети за помош на 30 социјално загрозени семејства.