октомври 7, 2022

Недела на млади

Под мотото „Биди причина за нечија насмевка“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп традиционално и оваа година ја одбележа Неделата на млади. Клубот на млади при ООЦК Прилеп со цел презентација на работата на младите во Црвениот крст реализираше бројни активности со централен настан на камената бина во центарот на Прилеп.

Беа организирани и презентирани Катче за ментално здравје, Катче за прва помош, Катче за друштвени игри и рекреација, Катче за спомени, Катче за предизвици, Катче за освежување и Катче – жива библиотека, за време на целиот настан присутните ги забавуваа DJ Martin kay и групата No cigarettes.

Позитивната енергија која ја донесоа волонтерите од Клубот на млади ги привлекоа младите во градот и ги запознаа со работата на младите во Црвениот крст преку игри, предизвици, цртање и музика при тоа предизвикувајќи многу насмевки и задоволство кај присутните на настанот.

Уште еднаш сакаме да изразиме огромна благодарност до сите наши волонтери, посетители и поддржувачи на овој настан, посебно до soho.coffeeshop, Waffle Station, DJ Martin kay и групата No cigarettes кои несебично ја дадоа својата поддршка во реализација на овој настан.

< врати се назад