април 7, 2023

Недела на хигиенизација

„Хигиената – лична обврска за колективно здравје“

Што е хигиена ?

Хигиената преставува гранка на  здравствените науки која што промовира зачувување на здравјето, превенира инфективни преносливи болести и се залага за хигиенска практика и хигиенско однесување на индивидуата.

Зошто луѓето практикуваат хигиена?

  • Да превенираат болести,
  • Да го зачуваат здравјето,
  • Статус, општествени причини,
  • Религиозни или културни
    причини,
  • Рутина

Сите три аспекти на хигиена спречуваат ширење на:

  • Бактериски, вирусни инфекции,
  • заболувања,
  • Пандемска инфлуенца,
  • Сезонски грип и настинка,
  • Инфекции на кожата и очите

Лична хигиена

  • Хигиена на раце: миење раце пред јадење и после
    секое одење во тоалет, со чиста вода и сапун.
  • Хигиена на тело: прaктикување на капење.
  • Дентална хигиена: миење заби два до три пати на ден.

Домашна хигиена

 Хигиена во бањата – како можно место за извор на зараза,

  • Хигиена во кујната – чистота на садовите во кои се подготвува храната
  • Проветреност на просторијата – против застој на бактерии и вируси кои се пренесуваат по воздушен пат.

Хигиена на храна

  • Добро миење на зеленчук и овошје,
  • Добро подготвено месо и месни производи (готвени на висока температура),
  • Добро подготвено млеко и млечни производи,
  • Следење на рокот на употреба на храната,
  • Набавување на храна од сигурни произведувачи.

Запамтете !

  • Консумирајте чиста вода за пиење,
  • Мијте ги рацете редовно:

               – после секое одење во тоалет и

               – пред секое јадење,

  • Хранете се здраво,
  • Мијте го зеленчукот и овошјето пред јадење,
  • Проверувајте го рокот на употреба на млечните и
    месните производи,
  • Фрлај го отпадот во јавните канти за ѓубре.

< врати се назад