ноември 18, 2026

Недела на грижа за стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ од 15 до 21.11.2026 година Црвен крст на РСМ Општинска организација Прилеп со низа активности ја одбележа Неделата за грижа на стари лица. Посебен акцент во овогодинешното одбележување се стави на активното вклучување на младите волонтери од Клубот на млади кои го посетија Домот за стари лица Киро Крстески-Платник од Прилеп во кој има згрижено 130 стари лица. Младите со дружење и заеднички активности поминаа квалитетно време кое придонесе кон подобрување на нивната благосостојба и социјализација, а од друга страна ја поттикна и свеста на младите за меѓугенерациско поврзување, почит и грижа кон старите лица.

< врати се назад