мај 15, 2025

„На страна на хуманоста“

И оваа година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше низа на активности по повод Неделата на Црвениот крст која се одбележува секоја година од 8 до 15 Мај. На 8 Мај под мотото „На страна на хуманоста“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаше отворен ден на Црвениот крст, каде истакнати волонтери во локалната заедница ги запознаваа одблиску присутните со организацијата, која е нејзината мисија, активностите на кои се работи и прошетка низ просториите на организацијата. Организацијата за посетија околу 200 лица од предучилишна возраст па се до возрасни претставници од едукативни центри, училишта и здруженија. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп за сите обезбеди мал симболичен подарок со амблемот на Црвениот крст, упатувајќи им апел во иднина да бидат дел од организацијата. А, со оглед на јубилејот 80 години Црвен крст на Република Северна Македонија, ООЦК Прилеп подели и благодарници за соработка на институции и корпоративен сектор со кои има долгогодишна соработка.

< врати се назад