
ноември 25, 2026
Мерење на шеќер во крвта и крвен притисок по повод Неделата на грижа за стари лица
Активностите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжија по повод Неделата на грижа за стари лица. Клубот на млади при ООЦК Прилеп реализираше активност за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок кај старите лица, се со цел навремено откривање на хроничните заболувања како чекор кон превенција. Активноста се реализираше во центарот на градот во соработка со медицинската струка од СОУ Ѓорче Петров од Прилеп, на истата голем број на стари лица пројавиа интерес за проверка на крвниот притисок и шеќер во крвта.












































