октомври 8, 2026

Меѓународен ден на старите лица

Во насока на подобрување на квалитетот на животот на старите лица и остварување на глобалните цели, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со ограноците на Здружението на пензионери од Прилеп реализираше работилници за здраво и активно стареење. Работилниците беа водени од доктор волонтер на ООЦК Прилеп и на истите беа дискутирани прашања кои ги засегаат старите лица поврзани со нивното здравје. Во рамките на работилниците се реализираа и превентивни мерења на притисок и шеќер во крвта.

< врати се назад