април 27, 2023
Квиз на знаење за Црвениот крст
Во текот на месец Април во 6 основни училишта од страна на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беа одржани квизови на знаење за Црвениот крст. Покрај прашањата на кои одговараа учесниците, тие имаа можност и да се запознаат со принципите и работата на Црвениот крст и Црвената Полумесечина, како и тоа како можат да станат членови и волонтери на Црвениот крст. Младите ученици од 8мо и 9то одделение покажаа голем интерес и при тоа се здобија со благодарници за учество, а победниците добија и награда.