ноември 23, 2023

Крводарителски акции со средните училишта во Прилеп

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Прилеп реализираше крводарителски акции во сите пет средни училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Прилеп. Крводарителските акции беа реализирани во соработка со средните училишта во кои Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп преку свој обучен мотиватор за крводарување реализираше едукативни и мотивирачки предавања за сите средношколци со полни 18 години кои можат да даруваат крв и при тоа да помогнат на некого со својата драгоцена течност. Крводарителските акции предизвикаа интерес кај младите и вкупно 68 крводарители имаше можност да дарува од својата драгоцена течност.

 

< врати се назад