декември 5, 2024
Крводарителска акција во Полициска станица Прилеп
На 04.12.2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителска акција во Полициската станица Прилеп на која 19 вработени во станицата имаа можност уште еднаш да ја покажат нивната хуманост и несебичност дарувајќи крв со што би спасиле живот. Во текот на наредниот период Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализација на годишниот план за крводарителство.