април 5, 2024

Крводарителска акција во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

На 04.04.2024 година во просториите на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализираше крводарителска акција на која војниците и вработените во касарната имаа можност уште еднаш да ја покажат својата несебичност и хуманост. Одзивот на крводарителската акција беше доста голем и вкупно 60 војници и вработени во касарната даруваа од драгоцената течност која спасува живот.

< врати се назад