
Крводарителска акција по повод празникот 11-ти Октомври
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со својата определеност и посветеност во работата на полето на крводарителството и обезбедувањето на потребните крвни единици за сите оние лица кои имаат потреба од истите. Поради тоа во континуитет во соработка со Одделението за трансфиузиона медицина во Прилеп се организираат неколку крводарителски акции меѓу кои и крводарителска акција по повод Државниот празник 11-ти Октомври, која побуди интерес кај крводарителите од општина Прилеп и вкупно 50 дарители даруваа од својата драгоцена течност со што повторно на дело ја покажаа својата хуманост и човечност.
Сакаме да изразиме благодарност до Општина Прилеп која и оваа година ни излезе во пресрет и повторно крводарителската акција ја стави во официјалната програма за празнување на Државниот празник 11-ти Октомври.












































