октомври 14, 2024
Крводарителска акција по повод празникот 11-ти Октомври
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп уште еднаш ја покажа својата определеност и посветеност во работата на полето на крводарителството и обезбедувањето на потребните крвни единици за сите оние лица кои имаат потреба од истите. Поради тоа во континуитет се организираат неколку крводарителски акции меѓу кои и крводарителска акција по повод Државниот празник 11-ти Октомври, која побуди интерес кај крводарителите од општина Прилеп и вкупно 35 дарители даруваа од својата драгоцена течност.
Сакаме да изразиме благодарност до Општина Прилеп која и оваа година ни излезе во пресрет и повторно крводарителската акција ја стави во официјалната програма за празнување на Државниот празник 11-ти Октомври.