април 6, 2023
Крводарителска акција во СОУ Ристе Ристески Ричко од Прилеп
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со СОУ Ристе Ристески Ричко од Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина, организираа крводарителска акција за учениците и вработените од училиштето. Крводарителската акција беше спроведена на ден 05.04.2023 година, која претходно беше најавена кај средношколците од наш мотиватор за крводарителство и на истата даруваа вкупно 37 крводарители.