април 27, 2023

Крводарителска акција во СОУ Орде Чопела од Прилеп

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со СОУ Орде Чопела од Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина, организираа крводарителска акција за учениците и вработените од училиштето. Крводарителската акција беше спроведена на ден 26.04.2023 година, која претходно беше најавена кај средношколците од наш мотиватор за крводарителство и на истата даруваа вкупно 20 крводарители.

< врати се назад