септември 19, 2023

Крводарителска акција во просториите на ООЦК Прилеп

Во текот на овој период од годината потребата од крв секогаш е зголемена, па поради тоа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителска акција во своите простории. На акцијата даруваа крв 28 дарители за кои Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп обезбеди симболични подароци со цел да им искажи благодарност за нивната хуманост. Во наредниот период ќе бидат организирани и други крводарителски акции се со цел обезбедување на потребните залихи од крв.

< врати се назад