февруари 22, 2023

Крводарителска акција во Прилепска Пиварница

По пауза од најмалку 30 години Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Прилеп реализираа крводарителска акција во просториите на Прилепска Пиварница каде вработените имаа можност да ја покажат својата хуманост. Акцијата помина доста успешно и на истата во просториите во Прилеп даруваа 27 крводарители. Во иднина и понатаму ќе се продолжи со реализација на крводарителски акции што беше прифатено со големо задоволство од страна на вработените во Прилепската Пиварница.

< врати се назад