јули 25, 2023

Крводарителска акција во Полициска станица Прилеп

На 25.07.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителска акција во Полициската станица Прилеп на која 14 вработени во станицата имаа можност уште еднаш да ја покажат нивната хуманост и несебичност дарувајќи крв со што би спасиле живот. Во текот на наредниот период Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализација на годишниот план за крводарителство.

< врати се назад