октомври 7, 2022

Крводарителска акција во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

На 06.10.2022 година во просториите на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализираше втората крводарителска акција за оваа година на која војниците и вработените во касарната имаа можност уште еднаш да ја покажат својата несебичност и хуманост. Одзивот на крводарителската акција беше доста голем и вкупно 49 војници и вработени во касарната даруваа од драгоцената течност која спасува живот. Во текот на наредниот период продолжува соработка со касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп преку организирање и реализација на предавања и едукации на разлини теми.

< врати се назад