октомври 6, 2023

Крводарителска акција во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Во просториите на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализираше крводарителска акција на која војниците и вработените во касарната по втор пат оваа година ја покажаа својата несебичност и хуманост. Одзивот на крводарителската акција беше голем и вкупно 27 војници и вработени во касарната даруваа од драгоцената течност која спасува живот.

< врати се назад