јуни 6, 2023

Крводарителска акција во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Во просториите на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализираше крводарителска акција на која војниците и вработените во касарната имаа можност да ја покажат својата несебичност и хуманост. Одзивот на крводарителската акција беше доста голем и вкупно 45 војници и вработени во касарната даруваа од драгоцената течност која спасува живот.

< врати се назад