септември 28, 2022

Крводарителска акција со полицијата и вработените од КПУ Затвор Прилеп

На 26.09.2022 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфизиона медицина реализираше крводарителска акција за полицијата и вработените од КПУ Затвор Прилеп. Крводарителската акција се реализира по втор пат оваа година со одличен одзив од вкупно 25 дарувани единици на крв. Овој пат крводарителската акција беше релизирана по повод Денот на затворските работници.

< врати се назад