март 3, 2023

Крводарителска акција со Лајонс клуб и Ротари клуб од Прилеп

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува да работи на остварување на планот за крводарителство за 2023 година. По тој повод овој пат во соработка со Лајонс клуб и Ротари клуб од Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина во хотел Кристал Палас во Прилеп беше реализирана крводарителска акција на која 23 членови и поддржувачи од двата клубови уште еднаш несебично ја покажаа својата хуманост и даруваа крв.

< врати се назад