октомври 12, 2023

Крводарителска акција по повод празникот 11-ти Октомври

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп уште еднаш ја покажа својата определеност и посветеност во работата на полето на крводарителството и обезбедувањето на потребните крвни единици за сите оние лица кои имаат потреба од истите. Поради тоа во континуитет се организираат неколку крводарителски акции меѓу кои и крводарителска акција по повод Државниот празник 11-ти Октомври, која побуди интерес кај крводарителите од општина Прилеп и вкупно 37 дарители даруваа од својата драгоцена течност.

Сакаме да изразиме благодарност до Општина Прилеп која и оваа година ни излезе во пресрет и повторно крводарителската акција ја стави во официјалната програма за празнување на Државниот празник 11-ти Октомври.

Во наредниот период Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина продолжува со реализацијата на планот за крводарителство со цел зголемување на бројот на крводарители и обезбедување на потребните крвни единици.

< врати се назад