март 6, 2023

Креативни работилници за изработка и продажба на мартинки

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализација на активностите од Годишниот план за работа за 2023 година, па така во текот на минатата недела беа реализирани креативни работилници за изработка на мартинки. Младите волонтери од Клубот на млади повторно на дело ја покажаа својата креативност и хуманост, па преку изработката на мартинките и нивна продажба во основните и средните училишта во Прилеп уште еднаш ќе помогнат на социјално загрозени семејства кои им е потребна помош.

< врати се назад