септември 21, 2022

Конвенција по повод Светскиот ден на првата помош

Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Општинската организација на Црвен крст Битола и Општина Битола на 17.09.2022 година реализираа Конвенција по повод Светскиот ден на првата помош. На централниот настан учество зеде и Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп каде со свои волонтери учествуваше на дефилето кое започна од плоштадот Магнолија па се до Офицерскиот дом во Битола. За подобро претставување на традицијата, храната и јадењата од општината која доаѓаме имавме обезбедено традиционални јадења и рекламен материјал за сите случајни минувачи кои го посетија штандот на ООЦК Прилеп. Исто така од страна на волонтери доктори и демонстратори по прва помош од ООЦК Прилеп се реализираа показни вежби по прва помош каде случајните минувачи можеа да научат нешто повеќе за првата помош, но и самите да пробаат и извежбаат од показните вежби. Во офицерскиот дом во Битола беше реализиран и прием на градоначалници од сите општини во Република Северна Македонија каде учество зеде и градоначалникот на Општина Прилеп и имаа прилика одблиску да се запознаат со активностите кои ги спроведува Црвениот крст во текот на своето работење.

< врати се назад