октомври 12, 2026

„И јас (можам да) сум волонтер“

„И јас (можам да) сум волонтер“ е овогодинешното мото под кое Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа Неделата на млади. Во рамките на Неделата на млади беше реализиран Младински форум каде преку интерактивни дискусии и неформален дел младите имаа можност да се запознаат со Црвениот крст и неговото дејствување, како и можностите за волонтирање на младите во самата организација. Покрај интерактивните дискусии беа реализирани и катчиња по прва помош, крводарителство и катче со активностите од Клубот на млади и за сите посетители имаше симболични подароци од Црвениот крст. Со сите овие активности младите од територијата на дејствување на ООЦК Прилеп имаа можност од блиску да се запознаат со младите волонтери на Црвениот крст кои се носители на хуманите вредности и двигатели на позитивни промени во своите заедници.

< врати се назад