
февруари 24, 2025
Хуманитарна продажба за празникот Валентајн и Св.Трифун
Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп и оваа година традиционално организираше хуманитарна продажба на рачни изработки по повод празникот Валентајн и Св.Трифун. Волонтерите од Клубот на млади преку креативни работилници изработија голем број на рачни изработки во најразлични форми и големини и истите беа продавани во средните училишта. Исто така оваа година во кино Мис Стон беше реализирана проекција на филм за кој што имаше голема заинтересираност. Средствата собрани од двете активности ќе бидат наменети за помош на социјално ранливи семејства.
