февруари 26, 2024

Хуманитарна продажба за празникот Валентајн и Св.Трифун

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп и оваа година традиционално организираше хуманитарна продажба на рачни изработки по повод празникот Валентајн и Св.Трифун. Волонтерите од Клубот на млади преку креативни работилници изработија голем број на рачни изработки во најразлични форми и големини и истите организирано беа продавани на градскиот плоштад во Прилеп, кафулињата низ градот и во средните училишта.

Во наредниот период Клубот на млади активно продолжува со креативни работилници за изработка на мартинки по повод 1 Март.

 

< врати се назад