февруари 16, 2023

Хуманитарна акција за помош на Турција и Сирија

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Општина Прилеп во текот на изминатите денови во центарот на градот реализираше хуманитарна акција за помош на настраданото население од земјотресите во Турција и Сирија. Волонтери од нашата организација беа ангажирани околу логистичките активности и за информирање на населението кое сака да донира кои се потребите и што можат да донираат се со цел што е можно повеќе да се помогни на настраданото население од земјотресите. Хуманитарната акција предизвика голем интерес кај локалното население и истата беше поддржана и поздравена за добрата организација.

< врати се назад