јуни 21, 2022

Екскурзија во село Слоештица

Во месец Јуни 2022 година продолжи со реализација Локалниот акционен план за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства поддржан од Комерцијална банка. Покрај едукативната работилница за заштита на здравјето на родителите која се реализираше на почетокот на месецот, на 14.06.2022 година се реализираше еднодневна екскурзија во село Слоештица Демир Хисарско. На екскурзијата штитениците од Дневниот центар Ѕуница заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство и природните убавини на демирхисарскиот регион.

< врати се назад