мај 5, 2023

Еко едукации

Волонтер од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше еко едукации за ученици од прво до трето одделение. Целта на едукациите беше да се поттикни свеста кај помладите и да се стекне навика кај истите ѓубрето да се селектира и фрла во соодветните корпи. Едукациите беа интерактивни и на нив учениците можеа да научат за тоа што претставува отпад, како се селектира, колку му треба на истиот да се распадни во природата и како сето тоа загадување на природата влијае врз нашиот живот. Беа реализирани 5 еко едукации за вкупно 72 ученици. 

< врати се назад