март 7, 2023

Едукација за морален развој

Обучените врснички едукатори од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп започнаа со реализација на врсничките едукации. Овој пат се реализираше врсничка едукација на тема Морален развој за волонтерите и членовите од Клубот на млади. Присутните волонтери и членови покажаа интерес за едукацијата и на истата присуствуваа вкупно 15 млади членови и волонтери од Клубот на млади. Во текот на наредниот период ќе се продолжи со реализација и на останатите врснички едукации на различни теми. 

< врати се назад