
октомври 19, 2026
Донација од НЛБ Тутунска банка
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на одбележување на Неделата на борба против гладта, доби поддршка од вработените во НЛБ Тутунска банка АД Скопје преку обезбедување донации во вид на храна. Оваа донација од вработените ќе биде дистрибуирана на семејства во социјален ризик. За хуманоста и несебичноста на вработените во банката сакаме да им оддадеме почит и благодарност.












































