септември 28, 2022

Донација на школски прибор

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше неколку активности со цел обезбедување и донација на школски прибор за деца од социјално загрозени семејства. Првата активност која што се реализираше беше собирна акција за училишен прибор, која се реализираше два дена во центарот на градот и имаше добар одзив од страна на граѓаните за истата. Втората активност беше проекција на филм во кино салата на Центарот за култура Марко Цепенков, која беше реализирана во заедничка соработка со партнерскиот клуб на млади од ООЦК Ресен. Со собраните средства од продажбата на карти за кино проекцијата беа купени дополнителни школски прибори. На 26.09.2022 година целокупниот школски прибор беше дониран во ООУ Добре Јованоски од Прилеп на ученици од прво одделение од социјално загрозени семејства.

< врати се назад