ноември 21, 2022

Доделување на ПХВ благодарници

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со мотивирање на своите млади волонтери се со цел нивно поттикнување за поголемо вклучување во активностите кои ги реализираат младите и зголемување на бројот на волонтери на Клубот на млади. Овој пат беше реализирано свечено доделување на ПХВ благодарниците на волонтерите кои беа вклучени во реализација на овогодинешниот ПХВ циклус и успешно изработија три проекти за добробит на заедницата. ПХВ дисеминаторот од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп им се заблагодари на волонтерите за нивната вклученост и несебичност во текот на реализацијата на ПХВ проектите и при тоа ги покани сите волонтери и во иднина активно да се вклучат во реализацијата на програмските активности.

< врати се назад