ноември 10, 2026

Дисеминациски сесии

Дисеминаторите од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ангажирани за ширење на знаењето за движењето на Црвениот крст во текот на цела 2026 година работат на реализација на планот за дисеминациски сесии. Во текот на годината ученици од ООУ и СОУ, вработени во институции и Здруженија на граѓани имаа можност подетално да се запознаат со Движењето на Црвениот крст како и активностите кои ги спроведува Националното друштво и Општинските организации. Дисеминациските сесии поминаа во позитивна атмосфера преку дискусија, искуства и предлози присутните научија нови работи за Црвениот крст и при тоа изразија спремност да се вклучат како волонтери во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп.

< врати се назад