Дисеминациски сесии
Дисеминаторите од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ангажирани за ширење на знаењето за движењето на Црвениот крст и во текот на 2023 година продолжуваат со реализација на планот за дисеминациски сесии. На 07.03.2023 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп се реализираа 2 дисеминациски сесии за вкупно 45 ученици од ООУ Климент Охридски од Прилеп, истите имаа можност подетално да се запознаат со Движењето на Црвениот крст како и активностите кои ги спроведува Националното друштво и Општинските организации. Дисеминациските сесии поминаа во позитивна атмосфера, младите преку дискусија, искуства и предлози научија нови работи за Црвениот крст и при тоа изразија спремност да се вклучат како волонтери во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп.