Дисеминациски сесии
Двајцата нови дисеминатори од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во текот на изминатиот период беа доста активни на терен при тоа реализирајќи дисеминациски сесии во Клубот на млади, две основи и две средни училишта од Прилеп. На дисеминациските сесии присуствуваа членови и волонтери од Клубот на млади и ученици од основните и средните училишта, истите имаа можност подетално да се запознаат со Движењето на Црвениот крст како и активностите кои ги спроведува Националното друштво и Општинската организација на Црвен крст Прилеп. Сите дисеминациски сесии поминаа во позитивна атмосфера, младите преку дискусија, искуства и предлози научија нови работи за Црвениот крст и при тоа изразија спремност да се вклучат како волонтери во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп.