мај 16, 2024
Да живее хуманоста
Под мотото „Да живее хуманоста“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа Неделата на Црвен крст на Република Северна Македонија и Светскиот ден на Црвен крст и Црвена Полумесечина. Со цел да се подигне свеста за значењето на движењето се реализираше изложба на фотографии во Домот на културата Марко Цепенков со содржини од работата на Црвениот крст. Покрај изложбата беше поставен и штанд со пропаганен материјал за сите посетители со материјали и флаери за основните принципи на Црвениот крст, амблемот на Црвениот крст и од различни програмски дејности, исто така посетителите на изложбата имаа можност да добијат насоки како полесно да станат волонтери или членови на Црвениот крст.