мај 8, 2023

Чистење на планинарскиот дом „Томе Темелкоски“

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализација на своите предвидени активности. Овој пат беше реализирана активност за чистење на околината кај планинарскиот дом „Томе Темелкоски“. Тој предел е еден од најубавите и најживописните предели во прилепскиот регион, но сепак истиот е доста загаден што ги мотивираше младите волонтери да го посетат домот и при тоа да ја исчистат околината кај истиот, а истовремено да се дружат меѓу себе и преку игри, забава и музика уште подобро да се запознаат.

< врати се назад