
октомври 19, 2026
„Че трчаме 2026“
Прилеп викендов беше домаќин на уште едно големо спортско доживување – традиционалната трка „Че трчаме 2026“. Над 1.100 учесници од сите возрасни категории и од различни градови ја почувствуваа енергијата на спортот, дружењето и здравиот живот. Со трката, која полека станува препознатлив спортски бренд на градот, улиците на Прилеп се претворија во вистинска патека исполнета со насмевки, адреналин и аплаузи од бројната публика. Настанот покажа дека љубовта кон спортот и заедништвото немаат граници – од најмладите до највозрасните, сите трчаа со ист ентузијазам. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со два тима обучени за укажување на прва помош ја обезбедуваше трката која помина во најдобар ред.












































