септември 24, 2026

30 години ПХВ на локално ниво

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на 24.09.2026 година по повод Неделата на промоција на хумани вредности реализираше настан под мотото „30 години ПХВ на локално ниво„. Настанот беше организиран во галеријата при НУЦК Марко Цепенков од Прилеп во која присутните гости имаа можност да проследат програма организирана по повод ПХВ неделата во која беа вклучени говорници кои биле учесници во ПХВ циклусите пренесувајќи како ПХВ влијаело врз нив како и долгогодишниот волонтер и инструктор во ПХВ програмата Сузана Талимџиоска Чурлиноска, исто така беа прикажани и видеа од реализираните ПХВ проекти, а низ целиот настан не водеа водители волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп со песни и рецитали поврзани со хуманоста. На сите млади кои оваа година беа вклучени во ПХВ циклусот им беа доделени дипломи и симболични подароци обезбедени од ООЦК Прилеп. За време на настанот сите присутни гости можеа да ја погледнат изложбата составена од ПХВ пехар, фотографии и дипломи од проектите од изминатите години. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на НУЦК Марко Цепенков од Прилеп кои несебично го поддржаа овој настан.

< врати се назад