17 Март – Ден на основањето на Црвен крст на Република Северна Македонија
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп по повод 17 Март – Денот на основањето на Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Локалната самоуправа на општина Прилеп под покровителство на Градончалникот на Општина Прилеп господинот Борче Јовчески организираше свечен прием и коктел во просториите на општина Прилеп на кој изрази голема благодарност за ангажманот на Црвениот крст, воедно честитајќи му го и празникот.
Градоначалникот стави акцент и на најхуманата популација – крводарителите, заблагодарувајќи му се за нивната хуманост, солидарост и несебичност при дарувањето на најскапата течност и им додели јубилејни признанија за 10, 25, 75 и 100 дарувања посакувајќи и во иднина да продолжат така посебно ставајќи акцент на младите да бидат хумани да станат крводарители и несебично да помагаат во спасување на човечки животи.