март 5, 2025

„Здрав живот, здраво срце“

Под мотото „Здрав живот, здраво срце“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа „Неделата на борба против срцевосадови заболувања“. Реализирана е една едукативна работилница за наставен кадар на која присуствуваа 56 лица, на самата работилницата најмногу акцент се стави на најважните ризик фактори кај младите и повозрасните за појава на кардиоваскуларни болести. Извршение беа и мерења на шеќер во крвта и притисок, присутните добијаа и совети од лекарот кој ја реализира работилницата, а поради големиот интерес за превентивните мерења беа спроведени и во останатите денови во тековната недела.

Исто така беа испратени типизирани предавања во 5 средни училишта од општина Прилеп и 1 средно училиште од општина Долнени со кои беа опфатени 800 ученици.

< врати се назад