јуни 13, 2024

Врснички едукации за ХИВ

Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп обучени за врснички едукации за ХИВ во изминатиот период реализираа предавања за своите врсници од средните училишта на тема „Превенција и заштита од ХИВ“. На предавањата младите имаа можност да научат нешто ново но и да ги освежат своите знаења во врска со превенцијата од ХИВ инфекцијата. Едукациите имаат за цел да ги поттикнат младите за пренесување на своите знаења на нивните врсници, но и подигање на свеста кај целокупната јавност за значењето од превенција на ХИВ инфекцијата.

< врати се назад