април 19, 2023
Велигденска креативна работилница
По повод Велигденските празници четворица волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница. Волонтерите заедно со штитениците се дружеа меѓу себе, украсуваа велигденски јајца и изработуваа пролетни украси од гипс. Во текот на целата година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп преку најразлични активности дава придонес во работата на Дневниот центар и развојот на штитениците од истиот.