Успешно реализиран ПХВ циклус
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп и оваа година успешно го реализира ПХВ циклусот со вкупно изработени 5 проекти од страна на средношколци од средните училишта од Прилеп. Најпрво во ПХВ програмата младите учат за тимска работа, нови животни вештини, солидарност и хуманост и при тоа ја развиваат својата креативност помагајќи на најразлични целни групи. Потоа преку изработка на проектите кои беа наменети за добробит на заедницата, а опфаќаа помош за различни целни групи како на пример помош на социјално загрозени семејства во покуќнина, поставување на паркинзи за велосипеди, интеркултурни проекти за запознавање на различностите помеѓу заедниците, обезбедување на градежни материјали за изградба на живеалиште за социјално загрозено семејство, активности со Дневниот центар за лица со посебни потреби. Сите проекти беа успешно завршени на големо задоволство на целните групи, а и на самите млади кои беа вклучени во нивната реализација и при тоа како крајна цел истите тие ќе станат членови на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп.