октомври 14, 2024
Светски ден на менталното здравје
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со КПД Прилеп по повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје под мотото „Важноста на менталното здравје на работното место“ реализираше работилница за вработените во КПД Прилеп. Работилницата ја спроведе психолог кој е и долгогодишен волонтер на ООЦК Прилеп, а целта на истата е подигање на свеста на заедницата за важноста на менталното здравје, потенцирајќи ја грижата за себеси и другите околу нас. Темата е доста актуелна во денешно време и ја нагласува важноста на менталното здравје и благосостојбата на работа од која имаат корист вработените, организациите но и целата заедница.