Светски ден на лицата со попреченост
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го одбележа 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост. Со пригодна програма, музика, дружба, забава и насмевки во просториите на Дневниот центар за деца со посебни потреби Ѕуница од Прилеп, волонтерите од Клубот на млади го одбележаа денот. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп е организација која континуирано во текот на целата година повеќе од 10 години постојано работи со штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби. Во оваа пригода уште еднаш сакаме да им се заблагодариме на сите волонтери, родители и стручни лица кои изминатите години активно беа вклучени во реализацијата на активностите кои се спроведуваа со штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби како и на Комерцијална банка која несебично годините наназад ги поддржува сите активности.